Говорко

Говорко е алатка за аугментирана и асистивна комуникација за деца со попречености развиена од студентите на насоката КХИЕ на ФЕИТ, со поддршка на м-р Стефан Јанев од Melon Inc.. Таа може да се искористи за овозможување на говорна комуникација на овие лица со околната средина.

Алатката може бесплатно да се превземе на Google Play store, а целиот код е достапен како слободен софтвер на Гитлаб.

Говорко е опишан во трудот:


Благодарност

Работата на Говорко беше срдечно поддржана од експертите на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. Алатката беше евалуирана со помошта на Здружението за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток.