Говорно студио

Групата за говорни технологии располага со говорно студио кое се наоѓа во просториите на Институтот за електроника. Студиото е направено со висококвалитетна акустичка обработка следејќи ги светските стандарди. Тоа е опремено со професионална аудио опрема која вклучува студиски микрофони, слушалки, аудио интерфејси и мониторски звучници.

Во него се снимени мноштво на материјали како за истражувачката и апликативна работа на групата, така и за промоција на Факултетот.

studio