Говор @ ФЕИТ

Групата за говорни технологии при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје има долга и богата традиција и експертиза во областа на говорните технологии, опфаќајќи ги синтезата и препознавањето на говор, како и неговата анализа и процесирање. Групата функционира во рамките на Институтот за електроника, и е интегрирана со работата на DIPteam-от.

Покрај кадарот на ФЕИТ, групата исто така вбројува студенти на магистерски студии на програмите Мултимедиски технологии и Дигитално процесирање на сигнали, како и студенти на додипломски студии кои следат курсеви на програмата КХИЕ.

Најнови резултати

Апликативна дејност

Истражување

Соработувајте со нас!

Постојано сме во потрага за нови предизвици!

Ако сакате да овозможите говорна комуникација во вашите уреди или сервиси, или пак се судрувате со проблем кој вклучува говор и аудио - можеме да помогнеме!

Партнери и пријатели