Тим

Групата за говорни технологии при Факултетот за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје има долга и богата традиција и експертиза во областа на говорните технологии, опфаќајќи ги синтезата и препознавањето на говор, како и неговата анализа и процесирање. Групата функционира во рамките на Институтот за електроника, и е интегрирана со работата на DIPteam-от.

Покрај кадарот на ФЕИТ, групата исто така вбројува студенти на магистерски студии на програмите Мултимедиски технологии и Дигитално процесирање на сигнали, како и студенти на додипломски студии кои следат курсеви на програмата Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ).

Бранислав Геразов е вонреден професор на ФЕИТ, УКИМ. Тој има повеќе од 15 годишно искуство во говорните технологии, особено синтезата и препознавањето на говор. Интензивно работи на моделирање на интонацијата и просодијата во говорот за TTS на повеќе светски јазици. Постојано бара начини научните истражувањата да ги примени да одговори на предизвиците на денешницата.

Зоран Ивановски е професор на ФЕИТ, и е раководител на Институтот за електроника и DIPteam-от. Неговата експертиза е во областите на машинското учење и дигиталното процесирање на сигнали, особено на говор и слика. Како водач на DIPteam-от тој има богато искуство во соработката со индустријата и имплементацијата на реални решенија.

Димитар Ташковски е професор на ФЕИТ, каде е и Декан од 2013. Тој има богата експертиза во областа на дигиталното процесирање на сигналите и нејзината примена во различни сфери, вклучувајќи ги говорот и аудиото. Тој има богато организациско и менаџерско искуство стекнато со водењето на бројни научно-истражувачки и апликативни проекти.


Ристо Чавдаров е систем инженер на ФЕИТ. Тој има повеќе од 10 годишно искуство во информатички технологии, особено во системите во облак, веб технологиите и компјутерска безбедност. Во рамките на својата кариера работел на дизајнирање и имплементација на различни веб системи. Има искуство во имплементацијата на пристапност и интеграција на асистивните технологии во софтверските системи.


Даниела Јанева е запишана на насоката MT од магистерските студиите на ФЕИТ. Нејзината работа се фокусира на синтезата на говор. Ги истражува техниките за генерирање на говор кои како влезни ги користат мозочните бранови добиени со Електрокортикографија (ЕКоГ).


Филип Митровски е запишан на магистерски студии на програмата MT на ФЕИТ. Неговата работа се фокусира во областа на препознавањето на говор. Истражува во насока на примена на методите за длабоко учење во системите за препознавање на говор.


Бојан Софрониевски КХИЕ, ФЕИТ, работи на TTS, Сиборд.

Елена Веловска, дипл. инж., КХИЕ, ФЕИТ, работи на TTS, Сиборд.

Виолета Аргирова, дипл. инж., КХИЕ, ФЕИТ, работи на TTS, Сиборд, ASR.

Валерија Младеновиќ КХИЕ, ФЕИТ, работи на Сиборд, Говорко.

Стефан Спасовски, дипл. инж., КХИЕ, ФЕИТ, работи на Знаковко.

Благоја Тодоровски КХИЕ, ФЕИТ, работи на Знаковко.

Мартин Величковски КТИ, ФЕИТ, работи на TTS, Сиборд.

Теа Вељковиќ КХИЕ, ФЕИТ, работи на TTS, Сиборд.

Марија Гроздановска , дипл. инж., КХИЕ, ФЕИТ, работи на Сиборд, Говорко.

Ѓорѓи Смилевски , дипл. инж., КХИЕ, ФЕИТ, работи на Сиборд, Говорко.