Везилка

Со продорот на техниките за длабоко учење, модерните системи звучат многу поприродно. Со нашиот систем „Везилка” (2021) ги поместуваме границите на високо-квалитетната синтеза на говор на македонски јазик.

Системот е во активен развој, а еве како звучат првичните резултати.


Почитувани слушатели, дозволете ми да се претставам. Јас сум Везилка, новиот систем за синтеза на говор од текст на македонски јазик развиен на ФЕИТ од групата за говорни технологии. Дали сакате да зборуваме македонски?


Асистивните технологии овозможуваат дигитална инклузија на лицата со попреченост.


Визијата на здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ е свет на рамноправни и активни луѓе, кои ја користат технологијата за личен развој, подобрување на квалитетот на животот и за добросостојба на заедницата.


Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и Коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.


Змејко лежеше во својата постела од неколку ложници од овчи штавени кожи, што му го обгрнуваа телото и просто ги извлекуваа од него сите болки од измореноста, оставјќи го издолжен и опуштен. Тој го познаваше многу добро она, што се случуваше сега надвор. Беше тоа една скоро постојана глутница волци, што шченеше и живееше тука, во Белата Долина, и сега палавееше во снежната ноќ.


Везилке кажи како да се роди

проста и строга македонска песна

од ова срце што со себе води

разговор ноќен во тревога бесна?


Два конца парај од срцето, драги,

едниот црн е, а другиот црвен,

едниот буди морничави таги,

другиот копнеж и светол и стрвен.


Благодарност

За тренирање на нашиот систем искористивме дел од јавно-достапните аудиокниги објавени од македонскиот Национален сојуз на слепи.