Првите обиди за синтеза на говор (TTS) на македонски датираат од Јосифовски et al (1996) со предлог дизајн на систем за оваа намена. Првиот функционален систем за синтеза на говор со база на единки на македонски јазик го реализира Чунгурски et al. (2009).
Групата за говорни технологии на ФЕИТ даде значаен придонес во ова поле со системот „Зборувај македонски” (2011) - синтетизатор базиран на надоврзување на кратки говорни сегменти целосно развиен на ФЕИТ. Системот вклучуваше целосно функционален модул за генерирање на интонација и ритам дизајниран за македонскиот јазик.
Еве како звучеа тие, тогаш врвни, први резултати.
Почитувани слушатели, дозволете ми да се претставам. Јас сум системот за синтеза на говор-од-текст на македонски јазик „Зборувај македонски!“ Дали сакате да зборуваме македонски?